Mакедонија чува 6,8 тони злато

Bez autora
Aug 23 2014

Македонија со своите резерви од злато се најде на 79. место од вкупно 100 земји од светот рангирани од Светскиот совет за злато. Нејзините златни резерви изнесуваат 6,8 тони од кои 9,6 отсто се во општите резерви. Од регионот најмногу злато има Грција околу 112, 2 тони злато, Бугарија 40 тони, Србија 16,1 тони, Словенија 3,2 тони, Босна и Херцеговина 3 тони и Албанија 1,6 тони. Црна Гора и Хрватска не се рангирани на листата. Вкупниот износ на златните резерви на глобално ниво изнесува 31.812 тони. Светскиот совет за злато соопшти дека централните банки купиле 118 тони злато само во вториот квартал на годинава што претставува зголемување од 28 отсто...

Mакедонија чува 6,8 тони златоНашата земја со своите резерви од злато се најде на 79. место од вкупно 100 земји од светот рангирани од Светскиот совет за злато

Македонија со своите резерви од злато се најде на 79. место од вкупно 100 земји од светот рангирани од Светскиот совет за злато. Нејзините златни резерви изнесуваат 6,8 тони од кои 9,6 отсто се во општите резерви.

Од регионот најмногу злато има Грција околу 112, 2 тони злато, Бугарија 40 тони, Србија 16,1 тони, Словенија 3,2 тони, Босна и Херцеговина 3 тони и Албанија 1,6 тони. Црна Гора и Хрватска не се рангирани на листата.

Вкупниот износ на златните резерви на глобално ниво изнесува 31.812 тони. Светскиот совет за злато соопшти дека централните банки купиле 118 тони злато само во вториот квартал на годинава што претставува зголемување од 28 отсто.

Во првите десет на листата се САД со 8.972 тони, Германија со 3.387 тони, Италија 2.451 тони, Франција 2.435,4 тони, Русија 1.035 тони, Кина 1.054 тони, Швајцарија 1.040 тони, Јапонија 765тони, Холандија 612 тони и Индија која има 557 тони злато како резерва.

Меѓународниот монетарен фонд има резерви на злато во износ од 2.814 тони злато, а Европската централна банка 502,1 тони. 

Ако се анализираат податоците, интересно е дека речиси сите опфатени земји и во екот на најголемата светска криза не ги ситнеле златните резерви, туку напротив ги зголемувале. 

Што се однесува до Македонија податоците покажуваат, на пример, дека нашата земја има двојно повеќе златни резерви од Словенија. 

Лани државните резерви во злато останале исти и изнесуваат 6,8 тони и опфаќаат 11,1 отсто од вкупните резерви на земјава. 

Во трезорот на Народна банка на Македонија девизните резерви достигнаа 2,37 милијарди евра, но нивниот раст на крајот на јули се должи на задолжувањето на земјава со еврообврзница од половина милијарда евра. Девизните резерви пораснале и како резултат на валутните промени и цената на златото, но за само 4,5 милиони евра, заклучно со јули. 

Инаку, минатата година падот на цената на златото и НБРМ регистрираше пад во билансот на успех. 

Кога цената на златото на светскиот пазар растеше, тоа беше една од главните причини што и нашата централна банка прикажуваше добивки, но минатата година поради падот на вредноста на жолтиот метал на централаната банка и' донесе загуба во работењето, која за 2013 година изнесуваше 135 милиони евра.

На крајот на 2013 монетарното злато имало вредност од 190 милиони евра, откако во јануари истата година вредело 270 милиони евра. 

Додека, заклучно со вториот квартал годинава, вредноста на златните девизни резерви изнесува околу 210 милиони евра. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik